Алпојо - македонска верзија Алпојо - англиска верзија
Alpojo best quality since 1993

Best quality
since 1993

Email адреса

info@alpojo.com.mk

Телефонски број

+389 (46) 260 489

Пуштен во продажба новиот производ: Мелена буковка ( печурки )

22 Ноември 2018 / Новости

Уште денеска побарајте ја мелената буковка - печурка во сите поголеми маркети во Охрид и Струга.

АЛПОЈО ги препорачува и за во угостителството за сите готвачи кои сакаат нивните јадења  да бидат уште повкусни.  Мелената буковка – печурка се користи како зачин за повеке јадења  а совршена е  со ориз, месо и риба како и додаток за супи и чорби.

Да потесетиме од сите печурки кои најчесто се консумираат, Буковките од родот Pleurotus се издвојуваат како исклучителни сојузници во подобрувањето на човечкото здравје и животната средина. Овие печурки уживаат страшно добра репутација како најлесни за култивација, богато хранливи и медицински корисни.

Засега, ќе се фокусираме на својствата на буковката што се важни за човековото здравје.

Буковките се богати со протеини (до 30% од сувата маса), изобилуваат во B витамини, немаат холестерол и имаат значителни нивоа на молекулата Lovastatin (до 2,8% од сувата маса) која го намалува холестеролот. Поради природнoто содржење на Lovastatin, се истражуваат бенефициите на буковката во помагање на регулацијата на нивото на холестерол во крвта.

Охрабрени од прелиминарни докази за регулацијата на холестерол, што ги докажа д-р Нина Гунде - Цимеран (во 1993, 1995 и 1999 година), Американскиот национален институт за здравство, преку својот Национален центар за комплементарна и алтернативна медицина (NCCAM), во 2004 година финансираше студија за ефектот на буковките врз анти-ретровирална-индуцирана хиперлипидемија кај HIV пациенти. Надгледувани од страна на д-р Доналд Абрамс од Општата болница Сан Франциско при Универзитетот Калифорнија, студијата покажа потенцијална корист од внесување на чај направен од сушени буковки претходно одгледани на трупци. Иако студијата не постигна статистичка значајност - делумно бидејќи сите пациенти не го завршија определениот режим - трендовите сугерираа корист во намалувањето на триглицеридите и LDL холестеролот. Некои од пациентите се пожалиле дека едноставно напитокот немал добар вкус и престанале со конзумирање. Интересно, во наредните анализи, во кои наместо буковки растени на дрво беа употребени буковки одгледани на слама, се покажа дека тие што се одгледани на слама беа повкусни бидејќи содржеа околу 5% повеќе шеќер.

Додека буковките се признаа како одличен извор на природен Lovastatin, нивните лековити својства се проширија и надвор од кардиоваскуларното здравје. Во Интернационалниот Журнал за Онкологија, научниците Jedinaki и Silva (2008 година) идентификуваа два молекуларни механизми од алкохолен екстракт од буковки, кои "специфично го инхибираат, спречуваат растот на клетките од ракот на дебелото црево и ракот на дојката, без значителен ефект врз нормалните клетки, и имаат потенцијални терапевтско-превентивни ефекти врз овие канцерогени појави"