Што е ново ?
ПОВЕЌЕПрехранбени производи
Мисија
Освојување на европските и светските пазари со квалитетна, здрава и безбедна храна, притоа нудејќи широка палета на производи.
Визија
Проширување на опсегот на производство, опфаќање на повеќе области од преработката на храна и следење на светските трендови за производство на здрава храна.
Стратегија
Освојување на пазари со конкурентни производи произведени со современа технологија и модерна опрема за масовно производство на квалитетна, здрава и безбедна храна.
Дисконт за пијалоци
Дисконтот за пијалоци на големо и мало им обезбедува на нашите клиенти најширок спектар на алкохол, пиво, вино, енергетски и безалкохолни пијалоци и различни видови на кафе. Тука сме да ви помогнеме во планирањето на вашите семејни и деловни настани. Можете да се потпрете на нашето искуство кога планирате свадби, веселби, слави, деловни и приватни коктел забави и слично.
Дисконтот за пијалоци почна со мисија за обезбедување на широка палета на алкохолни и безалкохолни пијалаци со прифатлива цена. Со зголемувањето и проширувањето на нашата компанија се стремиме да обезбедиме добри персонални услуги на клиентите. Вршиме дистрибуција на сите артикли до вашиот дом, продавници, HoReCa - ресторани, хотели, барови, пабови и слично.
За нас
Основање
Алпојо е основан во 1993 во Охрид. Фирмата е со капитал во приватна сопственост која за краток период успева да стане успешен конкурент на пазарот. Од самиот почеток се занимава со трговија на големо на алкохолни и безалкохолни пијалоци, а од 2002 год. се проширува со производство и преработка на прашкасти и зрнасти производи.
Активност
Алпојо е сместен во сопствени простории каде се наоѓа и магацинот за продажба на алкохолни и безалкохолни пијалоци и прехрамбени артикли. Фабриката за производство и преработка на прашкасти и зрнасти производи е сместена во сопствен простор од 400 м2. Стратегијата е насочена кон задоволување на потребите за здрава храна.
Квалитет
Алпојо оди во чекор со времето и е во подготовки на воведување на системот за квалитет ИСО, како и престижниот НАССР и HALAL. Производите пред нивното пласирање на пазарот се подложени на редовна контрола во Републички завод за здравствена заштита во Скопје и Републички завод за здравствена заштита во Охрид.
Контакт...или аплицирајте за работа
Испрати порака
Пронајдете не
Телефонски број
+389 (46) 260 489
+389 (46) 231 168
Адреса
Марко Нестороски 62
6000 Охрид, Македонија