Ви го претставуваме новиот производ на нашиот пазар МЕЛЕНА БУКОВКА
Мелената буковка од АЛПОЈО - Охрид е произведена во еколошки чистата и здрава околина на селото Свиништа. Ја произведува Игор Трајчески.
Се одлучив да произведувам буковка затоа што може да се произведе на сосема природен начин, без употреба на никаква хемија. Го избрав с. Свиништа затоа што се наоѓа на надморска висина од 1100 м. И опкружено е со незагадена природа.
Ова печурка за разлика од останатите печурки кои се произведени на индустриски начин се разликува по тоа што се одгледува на сосема природен начин. Мелената буковка е најдобриот фин производ кој содржи 99% од хранливите материи потребни на еден организам.
Во моментов мелената буковка може да се најде и купи само во неколку маркети во Охрид и тоа во одредени количини ( фирмата Алпојо ја пакува) затоа што е нов производ кај нас. Јас ја користам на неколку начини како зачин во различни јадења, но и со мед, јогурт...
Фотографиите ќе ви покажат се’ рече во разговор за Публицитет.мк производителот Игор Трајчески.
Мелената Буковка е 100% природна, се добива со мелење на претходно сувата буковка. Оваа печурка содржи Бета глукан, кој е најмоќниот имуностимулатор од природно потекло. Се врзува со рецепторите на имуните клетки и ја стимулира каскадара на имуната реакција. Заштитува од вирусни, бактериски и габични инфекции. Дејствува како универзална вакцина од природно потекло. Освем тоа Бета глуканот ги стимулира и белите крвни зрнца (лимфоцитите) кои се врзуваат за туморите или вирусите и ефикасно ги уништуваат. Оваа печурка има исклучително лековити својства, има висока концентрација на аминоки-селини, кои се единствени супстанци кои што можат да минат низ сите клеточни мембрани и се релативно ретки кои што човечкиот организам не ги синтетизира. Освен тоа таа е и исклучлително вкусна.
Оваа габа е најсилниот природен антибиотик кој што ги неутрализира токсините, поттикнува регенерација на клетките и има силно антиревмат-ско дејство. Овој производ е потполно природен, без хемија и контраинди-кации.Благодарение на тоа што овој вид на печурка е произведен на домашна територија на сосема природен пат неговите лековити својства се максимално високи.
Буковката содржи есенцијални аминокиселини, витамини Б1, Б2, Б5, Б6, Б7, витамин П и безброј минерали. Протеините од буковката по свој состав се слични на животинските. Поред тоа содржат и голем процент на јагленохидрати и само околу 4% масти.
Главните носители кај печурките се сложените шеќери – полисахариди. Меѓу нив, најважен е Бета глукан кој токму се наоѓа во буковката. Тој помага во намалувањето на нивото на холестерол и триглицериди. Доколку сушената буковка се користи во количество од 2 до 3 грама во дневната исхрана, нивото на холестерол за 2 месеци ќе се намали за 65-80 %.
Додека буковките се признаа како одличен извор на природен Lovastatin, нивните лековити својства се проширија и надвор од кардиоваскуларното здравје. Во Интернационалниот Журнал за Онкологија, научниците Jedinaki и Silva (2008 година) идентификуваа два молекуларни механизми од алкохолен екстракт од буковки, кои "специфично го инхибираат, спречуваат растот на клетките од ракот на дебелото црево и ракот на дојката, без значителен ефект врз нормалните клетки, и имаат потенцијални терапевтско превентивни ефекти врз овие канцерогени појави"
Мелената Буковка се користи како зачин за повеќе јадења, а совршена е со ориз, месо и риба како и додаток за супи и чорби со што јадењата ќе бидат уште повкусни.
Во комбинација: природен мед, мелени бадеми, мелена буковка, ракија со ореви преставува вистинска имунолошка бомба за вашиот организам.
На крај може да се заклучи дека буковката е драгоцена печурка за исхрана и како помошно лековито средство за одредени болести. Било да ја користете онаа која е одгледувана или уживајќи во природа да одите сами во потрага за шумската острига, секако е дека за себе ќе направете најдобро.